ВИДЕО: Конечно објавен првиот трејлер за Џејмс Бонд

Објавен е првиот официјален трејлер за најпознатиот таен агент Џејмс Бонд. Актерот Даниел Крег по четврти пат ја презема улогата на шармантен и опасен таен агент во новото продолжение насловено како „Spectre“.

Новото продолжение е поинакво од досегашните бидејќи во него тајниот агент се соочува со демоните од минатото.

Сместен во тунел на неизвесност во врска со позицијата во тајната служба, суптилни наговестувања за игра на двоен агент, силен притисок од минатото, две прекрасни бонд девојки, следење на една енкриптирана порака во потрага на таинствена организација, Spectre, се чини фрли совршена тизер јадица за јавноста. 

За режијата се враќа Сем Мендес, а во главните улоги, покрај Крег, ќе се појават и Моника Белучи, Кристоф Волтс, Ралф Фајнс, Леа Сејду и Дејв Баутиста.

Spectre ќе се појави во кино салите на 6-ти ноември.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега