Карпош Соколи останува во Суперлигата - Куманово најави бојкот

Здружението на кошаркарските прволигаши на денешната седница донесе одлука одложениот натпревар од 1.коло меѓу Карпош Соколи и Куманово да се одигра вo среда. Соколите кои за попладне најавија комплетирање на документите за регистрација во акционерско друштво, треба да ги достават до Натпреварувачката комисија и со тоа да се стекнат со право да ги продолжат натпреварите во втората фаза од првенството.

На ваквата одлука негодуваше претставникот на Куманово кој побара службена победа за неговиот тим и најави дека кумановци нема да го играат натпреварот в среда по цена и да бидат исклучени од лигата.

Со тоа, автоматски на Карпош Соколи ќе треба да му биде одземен еден бод.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега