Зидан би го прифатил предизвикот Реал Мадрид

Легендарниот француски фудбалер за првпат јавно откри дека би прифатил понуда ада седне на тренерската клупа на Реал Мадрид.

- Ако ми понудат да станам тренер на Реал, секако би прифатил. Реал моментално има тренер кој добро си ја врши работата, а јас сум во процес на учење. Дали сум подготвен. Никогаш не сте подготвени, ама и кога не сте ќе кажете да. Научив многу од Анчелоти и тој знае какво мислење имам за него. Тој е совршен тренер за Реал, изјави популарниот „Зизу“.

Шпанските медиуми с епочесто пишуваат за скорешен отказ за Карло Анчелоти поради слабите резултати на „кралскиот клуб“ во последниот месец, а како негова замена се спомнува поранешниот негов помошник, а сега тренер на Б-тимот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Французинот последните пет години од фудбалската кариера ги помина во Реал (2001-2006). Од 2009 година е вклучен во стручната работа, а веќе една година е прв тренер на Кастиља, вториот тим на Реал.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега