Карачиќ: Уште не е готово

Победата од шест разлика на Висла против Вардар (32-26), во првиот осминафинален натпревар од Лигата беше големо изненадување и за Игор Карачиќ.

 

Средниот бек на „црвено-црните“ вели дека правеа грешки повеќе од вообичаено, а потоа дојде и тој необјаснив пад, една црна дупка во второто полувреме, за разлика од домаќините во Плок на кои сѐ им одеше од рака.

 

-Мислам дека требаше подобро да го искористиме првото полувреме, имавме многу промашени шутеви, што не е специфично за нас. Некои од нив отворени шутови, некои нерезонски. Во вториот дел влеговме мотивирани, влеговме со цело срце, но ни се случија некои технички грешки кои не смеат да ни се случат на еден ваков терен. Јас навистина не можам ништо да им замерам на момците, секој го остави срцето на терен и јас што играв 50 минути и некој што влезе пет или 10 минути и го даде својот придонес, но ете, кога не оди – не оди. Ним, пак буквално сѐ им одеше, сѐ што промашивме искористија, едно време играа како во транс. Имаме силна екипа, имаме сѐ, но едноставно се случи некој неочекуван пад, некоја црна дупка во второто полувреме, кога се одвоија на шест-седум разлика и повеќе и го држеа водството, на крај добро е што е шест, вели Карачиќ, кој постигна четири гола на натпреварот против Висла.

Останува шест дена да се надеваме дека шест разлика се достижни, а на седмиот да го реализираме посакуваниот пресврт. Карачиќ верува дека ништо е завршено во овој двомеч и дека со една перфектна подготовка неделава, може да се оствари потребната победа.

-Сега ни доаѓаат во нашиот дом, сигурно дека ништо не е загубено, ќе биде тешко да се стигне, но ние имаме екипа за тоа. Ќе треба да го анализираме мечот, каде беа грешките, секој играч поединечно, а потоа колективно. Мораме оваа недела да ја одработиме совршено и да поминеме во тоа очекувано четврт-финале, додаде хрватскиот репрезентативец. Тој имаше мала повреда пред натпреварот, но среќен е и благодарен што можеше да игра на својот максимум.

 

-Сакам да им се заблагодарам на моите физиотерапевти кои успеаја да ме оспособат за овој меч. Јас имав проблем со задната ложа, но секоја им чест не само за мене и за другите играчи, рече Карачиќ за официјалната интернет страница на РК Вардар.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега