Вардар со минус шест се враќа од Полска

Ракометарите на Вардар го загубија првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите на гостувањето кај Висла Плок 32:26.

„Црвено-црните“ добро почнаа. Арпад Штербик отвори со четири интервенции по ред, а во нападот реализацијата беше на посакуваното ниво и по само шест минути резултатот беше 3:0 за Вардар. Сепак, иако Висла погоди првпат во седмата минута, домашните ја стигнаа негативата, а потоа се играше играше гол за гол. Но, кога голманот Коралес се разбрани, Висла направи мини серија од 3:0 па на пауза замина со предност од два гола 14:12.

Избраниците на Раул Гонзалес постигнаа само еден гол во првите 11 минути од вториот дел, додека Висла успеа да постигне шест и да се одлепи на осум разлика. Дибиров и Марковиќ не успеаја да погодат три од четирите пенали, додека домашните ги казнуваа грешките и во неколку наврати имаа плус девет, а пропуштија и напади задвоцифрена предност. На крајот Алекс Душебаев во последната секунда погоди за пристојни минус шест.

Токму Душебаев беше најефикасен вопоразениот тим со 10 гола, Дибиров постигна пет, а Карачиќ реализираше четири пати.

 

Реваншот е во Скопје идната сабота на 21 март во салата „Јане Сандански".

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега