ФОТО: Вардарци заминаа за Полска

Ракометарите на Вардар утринава заминаа за Полска, каде утревечер во Плок ќе го играат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против екипата на Висла.

Нашиот тим ќе патува директно до Варшава, а потоа со автобус ќе се упати до Плок. За денеска е предвидено тимот да има тренинг во Орлен арената каде треба да се игра и натпреварот.

 

-Висла е одлична екипа. Kого и да извлечете во осминафиналето сите се добри, сепак мислам дека Висла е најдобрата екипа од тие што можеа да ни паднат. Но сигурно дека и ние ја гледаме нашата шанса. Наша предност е тоа што реваншот го играме на домашен терен пред нашите навивачи. Мислам дека треба добро да се подготвиме за да оствариме добар резултат на првата средба и после во 'Јане Сандански' треба да бидеме свесни дека мораме да поминеме во четврт-финале. За понатаму што ќе биде - нека биде, изјави Тоскиќ за официјалната интернет страница на Вардар.

Со екипата отпатува и Матјаж Брумен кој неколку недели не играше поради повреда, а тренерот Раул Гонзалез ќе реши дали тој ќе игра на натпреварот.

На мечот во Плок, Полска судиите доаѓаат од Франција, Тијери Денц – Денис Рајбел, додека делегати се рето Морело (Швајцарија) и Бјорн Хогснес (Норвешка)

Средбата се игра во сабота, 14 март во 20,45 часот.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега