МЗТ Скопје повторно на врвот

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го победи Кожув со 72:60 во дерби натпреварот и последен дуел од 16. коло во Првата македонска лига.

Домашните кошарки клучната разлика ја направија во третата четвртина која ја решија во своја корист со 20:7.

По оваа победа аеродромци се сами на врвот на табелата со 25 бодови, еден повеќе од Работнички. Кожув има 21 бод и е на шестото место.

Најефикасни во вечерашната победа на МЗТ беа капитенот Урош Лучиќ со 21 поен и Сеад Шеховиќ со 13, кај гостинот од Гевгелија се истакна Слободан Дунџерски со 18 реализации.

Следен противник на МЗТ е тимот на Карпош Соколи, додека Кожув ќе се сретне со Струмица.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега