Ова ќе го "полуди" секој маж

Црвен кармин, црна танга и високи потпетици, се сосема доволни да му го свртите паметот на вашиот сакан. Применете некој од овие совети и за една секунда ќе се претворите во вистинска секс бомба.

 

ЦРНА ТАНГА

 

Како што знаеме, малиот црн фустан е неизбежно парче во ормарот на секоја жена. Но еве уште една есенцијална работа, црни танга гаќички. Со таква облека нема да морате да размислувате што да облечете под црниот фустан и нема да ви биде незгодно тоа да го покажете.

ПУШТЕТЕ ЈА КОСАТА

Од време навреме немојте да ја фенирате косата. Разбушавените прамени ќе ја разбудат вашата дива страна, а тоа нему сигурно нема да остане незабележано.

ЦРВЕНО ЗА ВНИМАНИЕ

Црвената не е случајно избрана да биде на знакот „стоп“, тоа е боја која разоружува. Облечете црвен фустан, црвени чевли или било што во таа боја и распалете ја неговата страст.

ЦРН СВИЛЕН КОМБИНЕЗОН

Знаеме дека долгите свилено комбинезони излегоа од мода уште во 40-те години. Сепак, можеби треба да им се врати модата, бидејќи се невеорјатно удобни под гардеробата, и прекрасно изгледаат на телото. Ќе отидете директно кон целта ако тоа е првото нешто кое тој ќе го види на вас наутро.

ПРОШЕТАЈТЕ ПРЕД НЕГО САМО ВО ШТИКЛИ

Изненадете го додека се соблекувате, соблечете се освен штиклите. Опуштено прошетајте се наоколу како да не ви се брза веднаш да ги соблечете.

ИЗНЕНАДЕТЕ ГO СО ПОДВЕЗИЦА

Немате навика да носите? Тогаш време ви е. Со нив сигурно ќе ја распалите неговата страст, а во вас ќе ја разбуди фаталната жена. Земете ја неговата рака, па завлечете ја под вашиот фустан доволно високо за да дојде до изненадувањето.

НАНЕСЕТЕ КАРМИН ПРЕД НЕГО

Малку кој маж може да им одолее на триковите на старата школа. А како би можел кога пред него ставате кармин со префинети потези и со тоа му го вртите вниманието кон вашите сочни усни.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега