Џони Деп итно опериран

Снимајќи го најновото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“ во Австралија, актерот Џони Деп ја повредил раката.

Според светските медиуми, тој ја повредил раката за време на викендот но тоа не било на сетот на снимањето на филмот.

Иако не постојат детали за степенот на повредата, наводно толку било сериозно, што морал итно да се врати во САД поради итна операција. Но, од друга страна се зборува дека оваа повреда минмално ќе влијае на снимањето на филмот, што веројатно е добар знак дека Деп наскоро ќе биде подготвен за работа.

Портпаролот на Дизни, изјавил дека датумот на излегувањето на филмот е 7-ми јули 2017-та година, а продолжението на филмот ќе излезе под името: “Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales”.

Извор: Вистина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега