Научниците најдоа одговор на вечното прашање - откриена просечната големина на пенисот

Проблемот кој од памтивек ги мачи мажите на овој свет е - големината на нивниот пенис.

Сега научниците го актуелизираа прашањето и истражија која би била големината на половиот орган за нормална. Откриле така што просечната должина на пенисот во ерекција 13,12 сантиметри. Истовремено, должината на опуштениот пенис изнесува 9,16 сантиметри, а 13,24 сантиметри има опуштени, но и натегнати надолен пад.

Кога станува збор за опсегот, укрутениот пенис има просечна обем од 11,66 сантиметри, односно 9,31 кога е опуштен.

Британските научници исто така открија дека постои и мала поврзаност меѓу должината на укрутениот пенис и висината на мажот.

Тврдат како графиконите со големина на пенис кој сенаправени да служат за да пациентите полесно се носат со телесната дисморгно пореметување, односно со хроничната душевна болест, кај која лицата не можат да престанат да размислуваат за некоја мана на своето тело - а многумина мажи токму со тоа се окупирани со големината на својот пенис.

Мажите меѓусебно ги споредуваат во соблекувалните или пак гледајќи порнографија на интернет. Некои пак се на мета на љубопитност на нивните партнерки. Постојат загрижени мажи и сметаме дека преку ова истражување ќе им помогнеме, односно ќе ги увериме дека спаѓаат во просечните - вели главниот автор на студијата, доктор Дејвид Вејл од Институтот за Психијатрија, Психологија и Неуронаука од Лондон.

Истражување кое вклучува 17 студии во кој биле вклучени 15.521 маж е објавени во стручното списание Бритиш Журнал Урологија.

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега