Македонски пејач прогонуван од девојка од Скопје

Поп пејачот Игор Митровиќ подолго време е прогонуван од девојка од Скопје, која него му се претставува како Јасна.

Митровиќ  уште пред една година јавно се пожали за овој случај кога кажа дека го вознемируваат Јасна и нејзината фамилија па дури и дека добивал закани. Како што дозна  Вистина.мк  од блиски извори до пејачот овој случај од неодамна Митровиќ  пријавил во полиција дека е жртва на вознемирување. Пејачот  тврдел дека не ја познава  девојката и дека сето ова е само манипулација, која што  најверојатно од забава прерасна во сериозен проблем.

Токму поради овој случај Игор два пати го сменил и телефонскиот  бројот но како вели нашиот извор  прогонувачите на Игор повторно успеале  да ги откријат новите броеви.

- Побаравме изјава од Игор, а тој за Вистина.мк го кажа следново:Што се однесува до таа жена/девојка, што и да е, заедно со нејзината фамилија (како што тие се претставуваат) верувам дека не им е лесно, и навистина ми е жал за нив. Не сум човек што сака да ги прави работите на големо, а уште повеќе па да создава проблеми, но ова ги премина сите граници. На големиот број вознемирувачки повици и пораки не им одговорив, но затоа веќе овој случај го пријавив и во полиција бидејќи знаете, се има своја граница, а ова ги надмина сите граници. Изложен сум на психичко малтретирање и секојдневна тензија веќе подолго време која ми го нарушува мирот. Иако веќе по трет пат го сменив својот телефонски број, тие повторно го откриваат, и стварно ме интересира како и на кој начин. Се надевам наскоро дека Јасна и нејзината фамилија ќе ги видам на суд, навистина сакам да им ги видам лицата.

Извор:Вистина.мк 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега