ВИДЕО: Голманот на Порто го„нокаутираше“ 30 милионското засилување на Реал

Капитенот на Порто на мечот со Базел имаше судир со својот голман, по што заврши во амбулантно возило, а потоа во болница.

Сепак, информациите велат дека дефанзивецот Данило нема посериозни повреди. Тоа секако се добри вести, бидејќи на прв момент ситуацијата изгледаше многу сериозно.
Данило се уште се наоѓа во болница, нема сериозни последици, но сепак задржан е поради дополнителни испитувања, информираа од Порто.

Непосредно пред одигрувањето на мечот Порто-Базел, шпанскиот весник „Ас“ објави информација дека Португалскиот клуб се договорил со Реал Мадрид за трансфер на нивниот дефанзивец и капитен.

Имено, од следната сезона Данило ќе се пресели во Мадрид за сума од 30 милиони евра, која Реал ќе ја плати во три рати, а 23-годишниот дефанзивец ќе потпише петгодишен договор со „Кралевите“.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега