ВИДЕО: Необичен оглас, купете ја куќата и можете да се ожените со сопственичката

Во обид да ја продаде својата куќа, една жена во Индонезија се одлучи понудата дополнително да ја “зачини“ така што во продажбата на куќата се вклучи и себе си.

Сето тоа за 76.000 долари, а куќата со две спални соби се наоѓа во Џакарта, пишува британскиот „Мирор“.

Вина Ли потврди за локалните медиуми дека навистина бара партнер. Идејата е на нејзиниот агент за недвижности кој и предложи во исто време да најде и маж и некој што ќе ја купи куќата.

Таа, инаку е вдовица од 2000. година.

Еве што пишува на огласот: “Понуда на векот!!! Купете ја куќата и можете да се ожените со сопственичката. Само за сериозните купувачи и без преговори.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега