Започна бракоразводната ппарница: Лима и Јариќ ќе делат 240 милиони долари

Адријана и Марко Лима најверојатно во јули ќе бидат слободни, а бидејќи решиле да се разведат со споразум, тогаш богатството ќе им се подели на половина.

Иако тие се разделија уште пред една година, дури во јануари го поднесоа барањето за развод. Бракоразводната парница ќе биде готова во јули, а парот одлучи поради ќерките Валентина (5) и Сијена (3) со споразум да стават точка на нивниот брак.

Поради тоа нема да има судење за поделба на имотот, туку се ќе биде според законите на државата Вајоминг, каде се води парницата бидејќи таму се венчаа во 2009-та година, според кои имотот се дели на половина. А тоа воопшто не е малку. Јариќ за време на играњето во НБА лигата заработи 40 милиони долари, но својата сметка во банка ја зголеми за 4 пати преку приватните бизниси.

Во последните години се посвети на градежништво, кое му носи добар приход, а има и работи и во угостителство како во САД, така и во Србија. Работи и во модниот бизнис, како и интернет продажба на видео и фото материјали за познати спортисти. Од друга страна, и Лима одлично заработува, но сепак помалку од нејзиниот сопруг. За време на 2008-та година заработила 20 милиони долари, а по тоа во просек по 7,5 милиони долари годишно. Тие ќе ја делат вилата во Мајами вредна 10 милиони, станот во Њујорк од 6 милиони, куќата во Беверли Хилс, проценета на 2 милиони, а тука е и јахатата која ја платиле 1,5 милиони долари.

adrijana-lima-marko-jaric-razvod-braka-brak-parnica-kuca-foto-profimedia-1426029905-624377

Поранешниот брачен пар реши да се разиде минатата година. Како што се шпекулираше, Лима откри дека мажот ја изневерил со манекенката Јована Швоња, а американските медиуми објавија дека го фатила во неверство и со сосетката. Марко се обидува да го заштити неговиот приватен живот, па во јавноста не се појавува со ниедна девојка, додека Лима шета со новот момче Џоом, кој го претстави токму тогаш кога ги предаде документите за развод.

Марко и Адријана се запознаа во 2006-та година, а се венчаа во 2009-та на Денот на вљубените. По пет години решија да стават крај на бракот.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега