ВИДЕО: Оваа стјуардеса знае како да ви го разубави летот

Додека патниците стрпливо чекале да заврши качувањето на патниците и авионот да полета, една стјуардеса решила да им го „скрати“ времето на чекање и да ги опушти оние кои чувствуваат нервоза пред летањето.

Имено, таа спонтано почнала да танцува на песна на Бруно Марс, со што ги воодушевила патниците, а некои од нив дури и добро се забавувале.

Оваа неовобичаена постапка на стјуардесата ја снимил еден од патниците во авионот, Сајмијан Кинг, кој потоа видео записот го објавил на Редит.

Кинг во објаснувањето на снимката наведува дека стјуардесата му е сестра, која пред да стане домаќинка во авионот, била танчерка на брејкденс.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега