Славните манекенки се степаа на забава во Париз

Славните манекенки Наоми Кемпбел и Кара Делевин се степале на забава организирана во рамките на модната недела во Париз.

Наводно тие се скарале поради Ријана, која е нивна заедничка пријателка.

- Наоми ја обвинила Кара дека не ја почитува Ријана и потоа почнала да вика. Па дури и ја турнала младата манекенка , на што веднаш со иста мерка возвратила и Кара, изјавил анонимен извор за „Дејли мејл“. 

Кога за оваа караница и тепачка дознала јавноста , Наоми се огласи на Твитер каде демантира дека имало туркање меѓу неа и младата Кара.
- Не знам од каде ви е тоа дека Кара и јас сме се степале!Тоа не е вистина, игнорирајте ги овие нагаѓања, напиша Наоми на Твитер. 

ПР менаџерот на Делевин  изјави дека Кара се обидела да побегне од Наоми, бидејќи била збунета , но и тоа дека нема никаков проблем со Ријана.

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега