Олимпискиот свет во жалост

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, изјави дека олимпискиот свет е во жалост поради тројцата француски спортисти кои загинаа во сударот на два хеликоптери во Аргентина.

Во судирот на двата хеликоптери во кои беа француските спортски ѕвезди од поуларното реалити шоу во Аргентина, загинаа 10 луѓе.

Освојувачот на златниот олимписки медал во пливање Камил Мифа, натаму носителот на олимписката бронза Алексис Вастин, како и шампионката во едрење Флоранс Арто.

„Шокирани сме од тажните вести и тагата на семејствата и пријателите на одличните спортисти кои не оставија“, вели првиот човек на МОК.

„Спортот и олимпиското семејство изгубија тројца одлилчни членови“, рече Бах.

Тој додаде дека загинатите спортисти „не биле само шампиони во своите дисциплини, туку и големи луѓе за пример.“

Во седиштето на Меѓународниот Олимписки комитет во Лозана олимпиското знаме ќе биде спуштена на половина копје во слендите три дена.

Хеликоптерите се судрија во воздух во аргетинската провинција Риоха, околу 1 170 километри северозападно од Буенос Ариес.

Заедно со олимписките спортисти и преостанатите членови на екипажот и патници се загинати.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега