Леброн Џејмс најдобар асистент во историјата на Кливленд

Леброн Џејмс ја предводеше екипата на Кливленд до нова победа со што добија предност пред останатите екипи за втората позиција на "Исток".

Џејмс дуелот го заврши со 27 поени, а солидна помош имаше од Кајри Ирвинг 22 поена и Кевин Лав 21.

Инаку, за прв пат од својата руки сезона во 2003-та година „Кралот Џејмс“ настапи без лента на главата. Се чини дека добро му оди без неа, бидејќи со првата асистенција, од вкупно осумте на овој натпревар, Леброн Џејмс стана најдобриот асистент во историјата на Кливленд со 4207 асистенции престигнувајќи го Марк Прајс.

НБА резултати: Далас – Кливленд 94:127, Индијана – Орландо 118:86, Бруклин – Њу Орлеанс 91:111, Сан Антонио – Торонто 117:107, Јута – Њујорк 87:82 и ЛА Лејкерс – Детроит 93:85.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега