„Америкас Стар“: Ева Мендес не знае да готви

Пријател на двојката Ева Мендес - Рајан Гослинг, во изјава за магазинот „Америкас Стар“ тврди дека Ева е „многу, многу лоша“ готвачка.

- Неодамна зготви тестенини со зеленчук и тоа беше грозано. Мислам дека конечно сфати дека мора да претстане да готви или да оди на курс за готвење, вели анонимниот „кодош“ за „Америкас Стар“, додавајќи дека Рајан не е пребирлив кога е во прашање храната, но дека тоа што го готви Ева „едноставно не се јаде“. 

Магазинот забележува дека ваквите сознанија се чудни, имајќи пред вид дека Ева потекнува од семејство на врвни готвачки.

Изворот за „Америкас Стар“ вели дека не знаејќи како да се справи со овој проблем, Рајан бил принуден да ангажира приватен готвач.

Инаку, 34-годишниот Рајан и 40-годишната Ева неодмана добија ќерка, која ја крстија Есмералда. 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега