Во Велес ќе биде прикажана театарската претстава „Мозаикот наречен Велес“

Во салата „Бели Мугри“ во Велес утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Мозаикот наречен Велес“, според легендите за Велес од Љупчо Данов, а во режија на Весна Димитровска Бобевски.
 
Во претставата настапуваат децата - членови на теарската група „Словото“ со која раководи актерката и режисер Весна Димитровска-Бобевски.
 
Како што појасни на денешната прес конференција Весна Димитровска Бобевски, приказните во претставата раскажуваат  за почетокот на постанокот  градот Велес, за тоа кој ја изработил првата Гемија,со која се пловело по Вардар, како умрела Ленка за која пишуваше Кочо Рацин, кој го убил  Миле Поп Јорданов,  за Васил Главинов  и уште неколку интерсни приказни,за познати и помалку познати личности и настани.
 
- Преку нив публиката ќе може да се запознае со  дел од богатото историското минато на Велес во изминатите пет и пол векови, истакна Димитровска Бобевски.
 
Членовите на детската театарска група „Словото“ кои ќе направат пресек на историјата преку познати и непознати ликови кои оставиле белег во градот, претставата ја подготвувале шест месеци. 
 
Текстот или приказните по кој е работена претставата се на велешанецот  Љупчо Данов.
 
Данов изјави дека  очекува претставата да даде уште еден поглед за градот и неговатаисторија. 
 
- Сакаме да доловиме што се случувало во Велес од неговото настанување како град на овие простори,па се до неговото ослободување на 9 ноември 1944 година,појасни Данов.
 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега