Слаткаристика ја застрела „Жена му“ ?!

Слаткаристика вчера на 8-ми март премиерно ја промовираше соработката со “Young BB Young“ од Бугарија – новата песна и новиот видео запис, “Таа има маж“. Песната како и видеото беа работени во Софија, Бугарија, a како режисер е потпишан Шошо, песната е со сатирична содржина, а видео записот сценариски ја црпи идејата од  познатото Американско реално шоу “Cheaters“. Во спотот се појавуваат повеќе статисти и улоги, џуџе црнец, познатиот водител Атанас Михајлов, најистакнатиот млад Бугарски хип хоп артист Криско, и меѓу другите главните протагонисти “Young BB Young“ и нашиот Слаткаристика.

Содржината на видео записот е базирана врз хумор и сатира, сите случувања и акции се работени по не вистински приказни, па така Слаткаристика во овој спот има улога на наивен сопруг кој дознава дека е изневерен од неговата жена, па проблемот го решава со пиштол.  

Ова е уште еден новитет од низата проекти кој следуваат оваа година од Слаткаристика, од Иноватива Груп велат дека ова е  уште еден проект преку кој Слаткаристика полека но сигурно ги отвара границите со неговата музика во соседна Бугарија. Во продолжение погледнете го новиот видео запис, има и што да видите. Уживајте.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега