ФОТО: Северина бара добар маж и редовен секс

Хрватската пејачка Северина неретко ги остава сите без здув со својот изглед и стил, па просто е незамисливо да таа не може да го пронајде својот маж. Можеби нејзините барања се големи или едноставно наишла на лош период во љубовта. Било како, пејачката на друштвените мрежи се пожали дека и недостига сексот. 

„Влегов во продавница. Насмеаниот продавач ме преша - „Што сака дамата?“ - Одговарам: „Дамата сака мартини, добар маж, редовен секс, но јас дојдов по леб“ - напишала Северина.

Откако си ја отвори душата, одлучи на своите фанови да им подели и по некој совет.

Веројатно таа е една од оние дами кои себеси можат да си дадат за право да доделат по некој совет кога е во прашање облекувањето.

Секоја нејзина комбниација е однапред испланирана и со одредена намера.

Сепак таа нема да ве советува која боја со која да ја вклопите или кои штикли најдобро се согласуваат со одредни халини. 

Нејзиниот совет е едноставен:

„Секогаш облекувајте се кога ќе идете да се видите со најлошиот непријател - посоветува Северина на своите фанови на друштвените мрежи.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега