Научниците тврдат дека харизмата може да се научи - eве како

По се изгледа дека харизмата не е нешто со кое се раѓаш.

-Харизмата во суштина е практика која се учи, објаснува Оливија Фокс Кобане, автор на книгата „Митот за харизмата“.

Научниците тврдат дека доколку ги применуваме следните начини на однесување, имаме шанса да станеме похаризматична личност.

1.Користи зборови со кои соговорникот може да се поврзе

Психологот Ден Кит, во својата книга „Зошто претседателите успеваат“ пишува дека ефективните комуникатори користат конкретни, наместо апстрактни поими.

-„Знам како ти е.“ е поефективно од  „Го споделувам твоето гледиште за...“. Најхаризматичните претседатели во историјата се поврзуваат со народот на емоционално ниво со „прости зборови“, а со тоа не му се обраќаат на „мозокот“ на народот, туку на нивното срце, објаснува професорот.

2.Јасно кажи ги твоите чувства

-Харизматичните луѓе јасно ги доловуваат своите чувства, спонтано и културно. Со тоа тие влијаат врз расположението и чувствата на соговорниците, објаснува психологот Роналд Ригио.

Емоционално заразување“ или „Тенденција на автоматско пресликување и синхронизирање на емоциите преку гестикулација и зборови“.

Па, така доколку навистина сте возбудени за некоја работа и ако јасно го покажете тоа, автоматски соговорникот или соговорниците ќе се „заразат“ со таа ваша возбуда.

Едноставно, нели?

3.Повторувај ги гестикулациите на соговорникот

Психолозите откриле дека кога двајца луѓе имаат ефикасна комуникација, тие започнуваат да ги пресликуваат гестикулациите на соговорникот.

На пример: Доколку соговорникот ги прекрсти нозете, прекрстете ги и вие, или пак доколку се напие од чаша, напијте се и вие...

Оваа техника, психолозите ја препорачуваат и во ситуации кога се преговара, за подобар резултат на преговорите.

4.Практикувајте отворен говор на тело

Експертите за говор на тело, тврдат дека гестикулациите праќаат погласна порака од зборовите.

Па така, доколку за време на комуникацијата ги чувате рацете прекрстени укажувате на затворен, одбранбен или пак на незаинтересираност.

Секогаш обидете се барем рацете да ги држите отворено и да ги користите за време на комуникацијата, но умерено за да не изгледате на птица која учи да лета.

5.Миленичињата ве прават поатрактивни

Едно истражување на Универзитетот на Мичиген, открила дека мажите кои поседуваат милениче, се поатрактивни за понежниот пол.

Тоа дава сигнал дека сте внимателни и дека можете да се грижите за некој друг освен за самиот себе, а со тоа и се дава сигнал дека личноста е способна за воспоставување и одржување на долги врски.

6.Смејте се почесто

Во два експерименти, научници од Швајцарија откриле дека смеењето е тесно поврзано со привлечноста.

А колку поинтензивна и поискрена е насмевката, атрактивноста е поголема. Многу е едноставно, кој не би сакал да биде во друштво со насмеана и позитивна личност?

7.Направете простор луѓето да зборуваат за самите себе

Според научниците на Харвард, кога еден човек зборува за самиот себе, во мозокот се стимулира реакција која е многу слична на онаа за време на секс, или пак кога ви се служи вкусна храна.

Кога луѓето зборуваат за своите искуства стануваат поранливи но и поповрзани со соговорникот, а тогаш воедно се воспоставуваат и посилни социјални, пријателски или љубовни врски.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега