На естрадата има проституција а до кариера се стигнува преку кревет

Јадранка Бајрактаровиќ рекла дека женското тело никогаш не било поевтино, моралот никогаш не бил на пониско ниво.

-Ми смета што сите луѓе не ставаат во ист кош. Инаку не ме интересира, нека прави кој што сака. Вистина е дека на естрадата има проституција, дека некои кариери се прават преку туѓи кревети. Женското тело никогаш не било поевтино, моралот никогаш не бил на толку ниско ниво. Со години сум патела поради неубавите работи кои се случуваат на естрадата, поради неправда, но си молчев. Беше период кога ми беше многу тешко. Потоа ми пукна филмот и прозборев. Сега не сакам да се оптеретувам со такви глупости. Што помалку размислувам на таа тема, поопуштена сум и позадоволна. Гледам како да опстанам како и сите други, рекла Јадранка.

За нејзината кариера таа рекла дека самата вложувала. Верувала во себе и никогаш немала дебела позадина. Рекла дека работи од срце и сака луѓето да ги прави среќни, расположени и весели.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега