Металург во трка за Карабатиќ?

Спортскиот директор на францускиот тим „Pays d’Aix Université Club“ Стефан Камбрил за „Ле Паризиен“ изјави дека Лука Карабатиќ сигурно ќе го напушти клубот, а како една од дестинациите се спомнува Металург.

Како што објави „Ле Паризиен“ Лука Карабатиќ размислува за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а во опција се Барселона, Хамбург, ПСЖ и Металург.

Со оглед на моменталната ситуација во таборот на се уште актуелниот првак, оваа информација секако звучи малку чудно, но можеби раководството на Металург подготвува нов силен тим за следната сезона.

-Добив уверување дека Лука Карабтиќ ќе не напушти. Помладиот Карабатиќ има неколку опции, Скопје (Македонија), Хамбург (Германија), но и Барселона и ПСЖ, со оглед дека братскиот тандем Лука и Никола Карабтиќ е познат како победнички, вели Стефан Камбрил за „Ле Паризиен“.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега