Фернандо Алонсо ја пропушта првата тркa

Возачот на Мекларен Фернандо Алонсо ќе ја пропушти првата трка од новата сезона која ќе се вози во Австралија на препорака од лекарите.

Шпанскиот пилот на 22.февруари имаше несреќа за време на тестирањето во Барселона кога со 215 километри на час удри во заштитната ограда. Поранешниот светски првак помина без сериозни повреди, но сепак поради претпазливост и дополнителни тестирања неколку дена беше задржан во болница.

По направените анализи лекарите утврдиле дека Алонсо нема сериозни последици и е во добра здравствена состојба.

Сепак, лекарите не сакаат да ризикуваат, па препорачале Алонсо да не биде дел од трката во Мелбурн, бидејќи доколку дојде до нова несреќа и нов потрес на мозокот, може да има големи последици по неговотo здравје.

Неговото место во болидот на Мекларен ќе го завземе резервниот возач Кевин Магнусен.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега