Кој е човекот кој знае да ја соголи Калиопи?

Македонската дива Калиопи новиот материјал го подготвува заедно со Ромео Грил човекот кој најдобро ја познава и кој може да го долови нејзиниот сенс, вокал и енергија и да и направи песна по мерка, која по првото слушање станува хит кој се слуша на само кај нас, туку и на просторот на екс-ју. Човек кој знае да ја соголи Калиопи пред публиката и да и направи песна со која душата ќе ја остави на сцената е нејзиниот екссопруг, продуцентот Ромео Грил, со кого соработката ја обновија пред неколку години, кога и ја направи темата "Црно и бело" со која не претставуваше на Евровизија во Азербејџан, а веднаш потоа го создадоа и албумот "Мелем". Ромео е и автор на темата "Роѓени", односно позната како "Бато", која веќе 28 години е апсолутен хит и лична карта на пејачката.

-Во очекување на новите песни... поминаа точно две години од објавувањето на мојот последен албум "Мелем"... Ви благодарам мои драги фанови!!!", им се обратила Калиопи на следбениците на социјалните мрежи, најавувајќи им дека интензивно работи на создавањето на нови хитови.

Извор: Вечер 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега