Кожув го реши Работнички и му се одмазди за Купот

Кошаркарите на Кожув го победија Работнички во првенствен натпревар и му се реваншираа за поразот во финалето на Купот на Македонија.

На средбата од 15.коло во Првата лига, одиграна синоќа во Гевгелија, екипата на Кожув го победи Работнички со 85:73.

Милан Јањушевиќ со 20 поени и Слободан Дунџерски со 14 поени, 6 асистенции и 5 скокови беа творци на победата на Кожув.

Кај Работнички за кој ова беше трет пораз сезонава, најефикасни беа Милан Павковиќ со 23 и Тодор Ѓечевски со 20 постигнати поени.

На останатите два натпревари од ова коло Фени Индустри во Кавадарци убедливо го победни штипски Гоце Делчев со 109:86, а Карпош Соколи – Водњански лисици 92:83.

Поради настапот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, дуелот меѓу Струмица и МЗТ Скопје ќе се игра во среда (4 март).

Слободна во ова коло е екипата на Куманово, која в среда ќе игра против Фени Индустри во заостанатиот меч од претходното коло.

Табела: Работнички 22 бодови, Фени Индустри 22, Карпош Соколи 22, МЗТ Скопје А. 21, Кожув 20, Куманово 19, Гоце Делчев 17, Струмица 15 и Водњански лисици 15. 

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега