Оваа приказна се крие зад фустанот кој го збуни целиот свет

Дамите кои го збунија целиот свет ја имаат приказната поврзана со фустанот, но ниту едната ниту другата не очекувале дека ќе го збунат целиот свет.

Фотографијата е поставена на Tumblr од страна на 21 годишната Кејтлин МекНил. Фустанот предизивикал хистерија поради венчавка на нејзини пријатели, а истиот требала да го носи мајката на невестата. Но, приказната почнува вака.

 

-Двајца мои пријатели се венчаа, а мајката на невестата на ќерката и прати фотографија од фустанот. Кога ја виделе младенците почнале да се расправаат околу бојата, вели Кејтлин.

Невестата тогаш сликата ја поставила на Фејсбук и нејзините пријатели почнале да се расправаат околу бојата.

По бурните реакции на Фејсбук, Кејтлин одлучила сликата да ја постави и на Tumblr каде реакциите само се зголемиле. Коментар за фустанот дала и Тејлор Свифт. Но, Кејтлин ја решава мистеријата и открива.

 

-Отидов на венчавката и го видов фустанот во живо, верувајте ми тој е сино-црн, напишала Кејтлин.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа