Официјално: Интер доби нов дефанзивец

Интер и официјално го комплетираше трансферот на Бразилецот Фелипе Диас. Поранешниот фудбалер на Парма, во изминатите неколку денови тренираше со Интер, но неговото ангажирање зависеше од резултатот против Селтик. „Нероаѕурите“ славеа со 1:0, се пласираа во осминафиналето од Лига Европа, што значи дека на Роберто Манчини му е потребна поголема конкуренција за да може да се натпреварува на два фронта.

Фелипе со Интер потпиша договор до крајот на оваа сезона и ќе го носи дресот со бројот 26.

Јасно е дека овој искусен 30-годишен дефанзивец не е решение за долги стази, но сепак ќе му послужи на Роберто Манчини до крајот на сезоната.

Инаку, денеска истекува рокот за ангажирање на слободни играчи.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега