Интересна и поучна приказна: Девојката и туѓите бисквити

Девојка чекала авион во чекалната на голем аеродром. Бидејќи требала долго да чека, одлучила да купи книга за да и помине времето побрзо. 

Купила книга и пакетче бисквити. Седнала во ВИП чекалната за никој да не ја вознемирува. Покрај неа имало стол со пакетче бисквити на него, а од другата страна еден господин кој читал весник. Кога таа почнала да зема бисквити и господинот земал една. Девојката се шокирала, но не рекла ништо и продолжила да ја чита книгата.

Во себе си помислила: -Види го ти ова, да бев малку похрабра, до сега веќе ќе го удрев...

Секогаш кога земала по една бисквита, човекот покрај неа, не обрнувајќи внимание на ништо, исто така земал по една бисквита.

Продолжиле така додека не останала само една бисквита во пакетчето и девојката си помислила: -Баш ме интересирашто ќе направи сега!!!

Човекот ја земал последната и ја поделил на две!

-Ова е премногу, почнала да зборува шокирана, си ги земала своите работи, книгата, торбата и отишла кон излезот на чекалната.

Кога се чуствувала малку подобро, откако и поминала лутината, седнала на место каде што немало никој за да избегне некои други несакани ситуации.

Ја затворила книгата и ја отворила торбата за да ја стави во неа......

Во тој момент го здогледала пакетчето со бисквити недопрено.

Сфатила дека бисквитите исти како нејзините биле на господинот кој седел до неа, но кој, без шокирање, нервоза или препотентност, ја подели и последната бисквита со неа, тотално спротивно од неа, која се чуствувала повредена во сопствената гордост и чувства.

Колку пати во нашиот живот ќе или сме изеле туѓа бисквита, а тоа никогаш нема или не сме го дознале?

Внимавајте на деталите, многу често ситуацијата не е онаква како што изгледа на прв поглед.

Во животот постојат пет работи кои неможат да се вратат:

-Каменот кога е фрлен

-Зборот кога е изговорен

-Можноста откако е изгубена

-Времето што поминало

-Љубовта за која не се бориме.

 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега