Тијана: Вук сака да биде актер и познат како мама

Македонската пејачка Тијана за српски Блиц направи интервју каде откри интересни нешта за нејзиниот син Вук.

- Тој е свесен дека мајка му е позната. Фотографирање, давање изјави, автограми, тоа е дел од мојата работа за кој Вук е целосно свесен, иако е мал, вели Дапчевиќ за „Блиц“

Тијана вели дека нејзиниот шестгодишен син сака да биде познат исто како и мама, а кога ќе порасне сакал да стане актер.

На последната „Златна бубамара“, Вук ја имаше честа да му ја додели наградата за хит на годината на неговата тетка, Тамара Тодевска.

-Кога излезе на сцената и доби аплауз ме праша дали сега тој е многу познат во Македонија, низ смеа открива Тијана.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега