Се сеќавате на „Pimp my ride“ - сè било лага

Го носите во автомеханичарска работилница вашиот никаков автомобил и после неколку дена ви го враќаат во состојба која ве доведува до позитивно лудило. Ова беше сценариото на една од најпопуларните емисии „Pimp my ride“, но сега се утврдило дека сè било наместено и лажно.

Ѕвездата на познатата емисија на MTV се емитуваше од 2004-та беше раперот Егзибит и неговата екипа. Поранешните учесници, луѓето кои им носеле автомобили во нивната работлница, велат дека се било наместено. Автомобилите или воопштво не работеле или скапите додатоци биле неисправни, а често се случувало по снимањето на емисијата луѓето да мораат сè да и вратат на продукцијата, тврдат пораднешни учесници, пренесува Хафингтон пост.

Во автомобилите беа вградувани подобри мотори, скапо озвучување, а се одеше и дотаму да некои автомобили добиваа и маси за билјард и флипери.

-Најчесто сите тие скапи додатоци ги ставаа само за да ја снимат емисијата, потоа ги тргаа од автомобилите, вели Џастин Диренџир на кој меѓу останатото, од стариот модел на Тојота Рав4 му ги тргнале и држачите за шампањско кога се угасиле рефлекторите.

Исто така продуцентите инсистирале учесниците повеќе да се радуваат кога ќе го добијат средениот автомобил. Често „спонтаните“ реакции се снимале и по десет пати додека организаторите не биле задоволни.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега