ФОТО: Би дале ли 816 долари за сладолед?

Доколку патувате во Дубаи, имате можност да го пробате најскапиот сладолед на светот.

Еве уште една работа во која Дубаи се “нај” во светот. Покрај највисоката зграда во светот и најголемиот трговски центар, сега пристигнува и најскапиот сладолед во светот.

Имено, “Scoopi Café” од Дубаи го создадоа најскапиот сладолед наречен “Black Diamond”, кој чини неверојатни 816 долари за топка.

Овој егзотичен сладолед е достапен во новоотворениот кафе бар “Scoopi Café” на Ал Васл Роуд во Дубаи.

Основачот на кафе барот внимателно го создал овој сладолед, за кои му биле потребни дури пет недели, а неговите состојки се набавени од секаде ширум светот за да се добие уникатен рецепт.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега