ФИФА ќе излезе со препорака СП 2022 да се игра во зима

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе даде препорака Мундијалот 2022 да биде преместен во зимскиот период.

Неофицијално, ФИФА ќе предложи натпреварите од Мундијалот во Катар да се играат во ноември и декември.

Конечната одлука ќе ја донесе Извршниот одбор на ФИФА на состанокот во Цирих следниот месец.

Предлози СП 2022 да се игра во зима имаше и порано, а главната цел е да се избегнат екстремно високите температури што вообичаено владеат на Блискиот исток во летниот период.

Идејата термините да се поместат во зима веќе ја подржаа првите луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа