СКАНДАЛ: Колумбијци играа за Македонија

Дуелот меѓу репрезентацијата на Македонија до 19 години и Тетекс имаше скандалозна завршница откако се откри дека во репрезентацијата на младинците настапиле двајца играчи од Колумбија за кои кои јавноста знае дека се дел од ростерот на екипата на Работнички. Херера и Гомез настапија како резерви, и обајцата влегоа во шеесеттата минута пишува Спорт.мк.

Мечот требаше да биде означен како деби на Горан Станиќ на кормилото на репрезентацијата до 19. години

Херера и Гомез настапија како резерви, и обајцата влегоа во шеесеттата минута.

Кој го дозволил ова, односно кој донел одлука да непроверени играчи кои се во Македонија само неколку дена да настапат на меч за македонската репрезентација па било тоа да е и пријателски меч само да се види дали се репрезентативен калибар ќе мора да одговорат од ФФМ. Ова во најмала рака е срам за сите оние кои работата во Македонија со младински категориии. Патем мечот заврши 3:3

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега