Червар: Лошо е, финансиите се главниот проблем

Лино Червар за хрватските медиуми уште еднаш повтори дека состојбата во Металург не е сјајна. Тој за „Спортске новости“ изјави дека се уште не знае каква е неговата иднина во Металург. Тој се уште е тука, иако многумина очекуваа тој прв да го напушти бродот што почна да тоне.

-Лошо е, финансиите се главен проблем и не знам како приказната ќе се развива. Ќе биде појасно во следните неколку денови, дали ќе можеме да опстанеме како клуб со млад состав, кој би имал неколку засилувања, за да може да го одржи нивото кое се создаваше со години, или ќе биде поинаку, вели Червар.

Неговото име веќе извесен период се поврзува со селекторската позиција на Хрватска, а искусниот стратег коментира:

-Мислам дека лицитацијата започна кога слетавме од Катар. Јас не се гледам во тоа бидејќи тврдам дека не сум обичен кандидат, туку решение за систем кој нуди високи критериуми и цели. Имам свое мислење, свој стил на работа и имам аргументи, резултати..., потенцира Червар.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега