Борачките легенди Ибрагимов и Насев се сретнаа со директорот на АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска се сретна со Могамед Ибрагимов, кој на Летните Олимписки Игри во 2000. година ја претставуваше Република Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми. Со тоа стана првиот, и засега единствениот медалист за Македонија како независна држава.

На средбата како што соопштија од Агенцијата за млади и спорт, присуствувал и Насе Насев, поранешен борач и тренер на БК „Спартак“ - Кочани, долгогодишен селектор на Македонската репрезентација во борење - слободен стил, долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари. Како спортски директор и под негово раководство, Ибрагимов го освои единствениот олимписки медал од осамостојувањето на Република Македонија.

На средбата, се разговарало за развојот на македонското борење и насоките по кои треба да се движи Република Македонија во делот на борењето. Соговорниците констатирале дека Македонија претставува уникатен пример за расадник за млади борачи и дека таа ситуација мора да биде искористена за земјава да се врати на старите патеки.

Инаку, двајцата великани на македонското борење се одликувани од Република Македонија за своите резултати. Ибрагимов е носител на највисокото спортско признание, популарно наречено Спортска пензија, додека, пак, Насев е првиот спортски работник, кој ја доби државната награда за животно дело во областа на спортот “8-ми Септември”, откако таа беше востановена во 2012 година.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега