Ќерката е посебен дар од Бога

Прекрасна приказна кружи на интернет – ја споделуваме со вас

По прекрасната свадба млад брачен пар на првиот ден од нивниот брак одлучиле никому да не му отвораат врата. направиле договор - не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!

На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Зазвонеле на вратата зад која биле сопружниците, но никој не отворал. Заѕвонеле повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, родителите тажни си заминаа.

 Набргу потоа повторно некој заѕвонел на вратата –  родителите на жената. младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна, не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата .

Сопругот не кажа ништо, години поминаа и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена фешта – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.

Подоцна таа ноќ неговата сопруга го праша што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави -

Мажот одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ја отвори вратата за мене!

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 00:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега