МЗТ Скопје утревечер го пречекува Партизан во дуел од АБА лигата

Во пресрет на дуелот од кошаркарска АБА лига меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан, централна треба се словенечките судии. Откако тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ вчера реагираше за одлуката на АБА лигата, Словенци да го судат натпреварот, денеска со свој став и од редовите на македонскиот шампион.

„МЗТ Скопје Аеродром не беше директно споменат во изјавите на Душко Вујошевиќ, но доволен факт е дека тој се обидува да изврши притисок со прашањето зошто се делегирани судии од Словенија. Ние само бараме нашиот клуб да не биде предмет на „некои игри’’ и судиите да не подлегнат на притисокот. Јасно е дека ќе има полна сала, дека атмосферата ќе биде „запалена’’ и не би сакале од сето тоа да се изроди и можен инцидент’’, истакна директорот на МЗТ Скопје Аеродром, Видое Секуловски, на денешната прес-конференција.

Тренерот Александар Јончевски се фокусира на спортскиот дел, потенцирајќи дека гостите од Белград се силен тим, но тој верува во неговите избраници, дека може да направат изненадување.

-Натпреварот има голема важност, за Партизан кој брка место за плејофот, но и за МЗТ Скопје Аеродром, со оглед дека секогаш сакаме да победиме ваков голем тим. Во минатото МЗТ успевал да ги совлада црно-белите, и во „Борис Трајковски’’ и во „Пионир’’, па се надеваме на „сефте’’ и во новата сала „Јане Сандански’’. Ние сме максимално мотивирани, ќе сториме се за да оствариме триумф и се надеваме на добро издание пред нашите гледачи, изјави Александар Јончевски.

Според Предраг Самарџиски, кој ќе води тешка борба под обрачите, борбеноста е клучниот фактор за евентуалната победа на аеродромци.

- Нѐ очекува многу тежок натпревар. Се трудиме да се вратиме и конечно да почнеме да играме како што се очекува од нас. Ако самото име на Партизан не е доволен мотив да се бориме пред нашите навивачи тогаш навистина не заслужуваме да го носиме овој дрес. Знам дека владее голем интерес кај нашите навивачите и се надевам дека од утре ќе почнеме со многу подобри игри. Секој меч е своевидна подготовка за завршницата од Купот на Македонија. Мораме да гинеме на секој натпревар, нешто што не беше така досега и на што многумина ни забележуваат. Тие се агресивна екипа, пред сѐ во скокот во нападот, на што мораме да внимаваме. Ако успееме тоа да го издржиме, ќе имаме шанси за победа’, изјави Самарџиски пред новинарите.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Партизан кој е во рамките од 20.коло на АБА лигата ќе се игра утревечер, од 21 часот, а цената на билетите за влез во СЦ „Јане Сандански’’, е 100 и 200 денари.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега