Вавринка – Ѓоковиќ втората полуфинална двојка на АО

Бранителот на трофејот Станислас Вавринка и првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ ќе играат во полуфиналето на Австралија Опен. Ова е епилогот по двата денешни четвртфинални дуела во Мелбурн.

Вавринка (Швајцарија) го победи Кеи Нишикори (Јапонија) со 3-0, по сетови 6:3, 6:4 и 7:6.

Со максимални 3-0 славеше и Ѓоковиќ (Србија) против Милош Раониќ (Канада). Србинот првиот гем го доби во тај-брек, во вториот му препушти четири, а во третиот само два гема на противникот.

Претходно место помеѓу четворицата најдобри обезбедија Британецот Енди Мареј и Чехот Томаш Бердих.

Мареј и Бердих утре од 9 часот и 30 минути по средноевропско време ќе го играат првото полуфинале.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега