Дејан Манасков во Вардар?

Крилото на Металург и македонската репрезентација Дејан Манасков од идната сезона ќе го носи дресот на Вардар, објави ЕКИПА.

Повикувајќи се на свои извори, овој портал пишува дека Манасков веќе ги договорил личните услови со „црвено-црните“, а откако ќе ги среди административните работи со македонскиот шампион, тогаш и официјално ќе потпише за лутиот ривал.

Според информациите кои ги објави ЕКИПА, Манасков иако имал понуди од клубови од Германија и од Франција сепак одлучил да остане во нашиот главен град само поради примамливата понуда која што ја добил од Вардар.

На левата крилна позиција во Вардар играат Тимур Дибиров и Добривоје Марковиќ.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега