Ето официјално нов член на Сампдорија

Камерунскиот напаѓач Самуел Ето и официјално од Евертон минува во редовите на Сампдорија, соопштија денеска од редовите на англискиот Премиер лигаш.

Четирикратниот носител на признанието најдобар африкански фудбалер Ето, кој пред почетокот на тековната сезона од Челзи мина во редовите на Евертон, потпишал две годишен договор со калчо лигашот.

Ето кој со Евертон имаше две годишен договор, за тимот екипата од Ливерпул одигра 20 натпревари и постигна четири гола.

„Му се заблагодаруваме на Ето што во тимот го пренесе своето искуство и знаење’’, изјави менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез, кој од името на целата екипа му посака среќа во новата средина.

Ова е втор пат 33-годишниот Ето да настапува во италијанската „Серија А„.

Камерунецот кој ѕвездените мигови ги имаше со шпанската Барселона со која 2009-година ја освои Лигата на шампиони, следната 2010-година заедно со Горан Пандев беше дел од тимот на Интер кој триумфираше во елитната европска фудбалска лига.

Во 2011-година Ето мина во редовите на Анжи од Махачкала во трансфер кој дотогаш беше најголем во историјата на фудбалот, а со годишна плата од 20 милиони фунти.

Пред да го облече на Евертон, репрезентативецот на Камерун кој за својата земја одигра 118 натпревари и постигна 56 голови, во сезоната 2013/14 го носеше и дресот на лондонски Челзи.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега