Пари плус Јоветиќ за Погба

Манчестер Сити ќе го искористи Црногорецот Стефан Јоветиќ во понудата до Јуве за Пол Погба.

Играчот за врска на Јувентус Пол Погба е најбараната „роба“ и во овој преоден рок. Неколку европски гиганти посакуваат да го видат во своите редови, но се чини дека најзагреан за Французинот e Манчестер Сити.

Како што објави „The Sun“ англискиот шампион е подготвен на Јувентус да му го понуди Стефан Јоветиќ, покрај одредена сума на пари.

Ова може да биде добар потег на Сити, ако се знае дека подолго време Јувентус се интересира за црногосрскиот интернационалец.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега