Металург се „распаѓа“ - Вугринец прв си најде клуб

Македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец во следните пет месеци ќе настапува во катарскиот тим Лахвија, објави ЕКИПА.

Како што пишува овој портал, Вугринец се договорил со катарскиот тим за богат петмесечен ангажман.

Тој е првиот од низата ракометари кои ќе го напуштат Металург. Според информациите објавени од одредени домашни медиуми, Дејан Манасков,  Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски речиси сигурно ќе заминат од Автокоманда.

За Манасков интерес има од ПСЖ и Загреб, за Миркуловски се во опција Висла и Брест, додека Георгиевски би можел да му се придружи на Борко Ристовски во француското првенство, пишува Спортмедиа.

Колку ова ќе стане реално ќе видиме најверојатно на 1-ви февруари кога Металург го игра првиот меч по паузата и тоа против Нексе во СЕХА лигата.

Да потсетиме, од пред неколку месеци македонскиот ракометен шампион се наоѓа во тешка финансиска состојба, поради што од тимот заминаа сите странци, а како што стојат работите тоа ќе го сторат и најдобрите македонски ракометари.

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:35
Фото: 
убавинаиздравје

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега