Бердих преку Надал до полуфиналето на АО

Чешкиот тенисер Томаш Бердих е првиот полуфиналист на Грен слем турнирот Австралија Опен, откако рано утрово го победи Рафаел Надал (Шпанија) со 3-0, во сетови 6:2, 6:0 и 7:6.

Надал беше немоќен да му се спротивстави на разиграниот Бердих, кој само во третиот сет дозволи неизвесност. Во тај-брејкот Чехот беше поуспешен со 7:5.

Противник на Бердих во полуфиналната фаза ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј (В.Британија) - Ник Кирјос (Австралија). Почетокот на овој дуел е во 9 часот и 15 минути.

Другите две четвртфинални пресметки на терените во Мелбурн се закажани за утре:

Стан Вавринка (Швајцарија) – Кеи Нишикори (Јапонија) и
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Милош Раониќ (Канада).

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега