Блатер: УЕФА нема храброст да ми се спротивстави

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер ја обвини Европската фудбалска унија (УЕФА) за недостаток на храброст да му се спротивстави во трката за реизбор.

78-годишниот Блатер во мај ќе се кандидира за петти мандат на чело на ФИФА.

Французинот Жером Шампањ, јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин и поранешниот француски фудбалер Давид Жинола до сега се изјаснија дека сакаат сакаат да се спротивстават на Блатер на изборите.

-Сите оние кои сакаат да ме елиминираат прво треба да учествуваат на изборите, или да номинираат свој кандидат, а во спротивно ќе треба да ја почитуваат мојата желба да се кандидирам повторно, изјави Блатер за Си-Ен-Ен.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини претходно апелираше  Блатер да биде заменет, но првиот човек на европскиот фудбал не истакна своја кандидатура за челната позиција на ФИФА.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега