ВИДЕО: Валенсија ја совлада Севиља во дербито на колото во Примера

Фудбалерите на Валенсија ја победија Севиља со 3:1 во дербито на 20.коло од шпанската Примера Дивизија.

Со оваа победа Валенсија го помина синоќешниот ривал на табелата и сега е на четвртото место кое обезбедува квалификации во Лигата на шампионите.

Водечкиот тандем Реал Мадрид и Барселона во оваа рунда забележаа гостински победи.

Резултати на досега завршените натпревари од 20.коло во Шпанското фудбалско првенство: Кордоба – Реал Мадрид 1:2, Елче – Барселона 0:6, Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано 3:1, Сосиедад – Еибар 1:0, Виљареал – Леванте 1:0, Депортиво Ла Коруња – Гранада 2:2, Атлетик Билбао – Малага 1:1, Еспањол – Алмерија 3:0 и Валенсија – Севиља 3:1.

Колото вечер (почеток 20:45 часот) ќе го комплетираат Хетафе и Селта Виго.

Табела: Реал Мадрид 48 бодови, Барселона 47, Атлетико Мадрид 44, Валенсија 41, Севиља 39, Виљареал 38,… 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега