Лазаров: Главата горе Македонци - да живее Македонија

Ова е еден од натпреварите по кои нема поправен, а ние загубивме, рече капитенот Кирил Лазаров по поразот на нашата репрезентација од Словенија.

parirakometarii

-Не постои ниту најмал сомнеж дека сакавме да победиме и да обезбедиме пласман во квалификациите за ЛОИ во Рио де Жанеиро. Но, ете, доживеавме пораз. Се уште рано за детални анализи, но факт е дека е тешко да се игра, кога бркаш резултат, пред се на психолошки план, а ние постојано денеска моравме да ги бркаме Словенците кои имаа водство речиси во текот на целиот натпревар, рече капитенот

Тој додаде дека имаше тука и среќа, несреќа, промашени зицери и седмерци.

-Такви се овие мечеви, да се биде или не, нема место за поправен, и за жал, ние сме тие што загубија. Што да се прави, да живее Македонија, ќе имаме и други шанси, рече Лазаров.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега