Немавме среќа: Македонија се враќа од Катар

Ракометната репрезентација на Македонија е елиминирана од Словенија во осминафиналето на СП во Катар.

Поразот од 30:28 за црвено-жолтите значеше и крај на надежите за пласман во четвртфиналето, а со тоа и надеж за оваа генерација, дека ќе може преку дополнителни квалификации, да избори пласман на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Првото полувреме мина во изедначена игра во која нашата селекција само во два наврати имаше предност (1:0 и 7:6), додека Словенците благодарение на брзата игра повеќепати водеа со два гола разлика, но сепак на полувреме заминаа со +1 (16:15 за Словенија).

Клучниот момент се случи во 36-минута од вториот дел, кога Филип Миркуловски заработи директен црвен картон, а Словенците предноста од играч повеќе ја искористија и во 38-минута за прв пат поведоа со три разлика. Највисоката предност нашиот противник ја имаше во 50-минута кога водеше со +4 (27:21).

До крајот на мечот Словенците знаеја како да ја сочуваат предноста и на крајот да се радуваат на победа со конечни 30:28.

Најзаслужен за пласманот на Словенија во четвртфиналето беше голманот Петар Шков кој имаше 11 одбрани, и беше прогласен за играч на натпреварот, додека најдобриот стрелец на Мундијалот, Драган Гајиќ средбата ја заврши со 9 постигнати голови.

Во нашата селекција репрезентација Гоце Георгиевски и капитенот Кирил Лазаров постигнаа по 7 голови, додека Дејан Манасков и Стојанче Стоилов придодадоа по 5 гола.

Покрај Словенија пласман во четвртфиналето обезбеди домаќинот Катар кој ја победи Австрија со 29:27.

Вечерва, се играат уште два натпревари од осминафиналето во кои се среќаваат, Шпанија – Тунис и Хрватска – Бразил.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега